Кечап, мед, паста за заби – 10 инстант трикови кои се спас за жените


Еве неколку трикови кои ќе ви се најдат во незгодни ситуации.

Сува коса
По одморот косата е сува и оштетена- Ова е одлично решение за брзо да се врати сјајот на вашата коса – после миење на косата исплакнете со јаболков оцет и минерална вода. А кога ќе се фенира секогаш од коренот кон врвовите зошто така се негува косата.

Суви усни
Ставете дебел слој на мед. Медот брзо ќе ги регенерира усните. Ако сте склони кон пукање на усните секогаш имајте при рака мелем врз основа на Невен, кој е познат по своите лековити својства.

Кечап
Хлорот во базените може да предизвика многу непријатност за обоената руса коса. Се случува некогаш косата да поприми зеленкаста боја што се должи на реакцијата на хидрогенот и хлорот. Но еве едно испробано решение: намачкај ја косата со кечап, оставете неколку минути да делува, исплакнете и продолжете со нормална рутина на миење на косата. Црвената боја на кечапот помага да се неутрализира зелената боја на хлорот.

HELP! Излегува херпес
Ова често се јавува поради стрес и намален имунитет. Ако ви се јавува херпес лесно ќе се исуши ако нанаесете паста за заби. Супер решение се и Compeed фластерите а ги има во аптеките.

Размачкана маскара
Ова е една од најчестите грешки при шминкањето. Наместо да нанесувате млеко за чистење и да го избришете целиот капак, млекото ставете го на врвот на стапче за уши и избришете го размачканиот дел.

Домашен пилинг за лице
Се што ви треба е 2 лажици брашно и 1 белка од јајце. измешај и стави на твоето лице. Држи додека не се исуши – околу 20 минути. Исплакнете со млака вода. Супер-ефикасни ќе се зрната од брашното кои ќе ги отстрани сите нечистотии. Внимание – лицето по ваков третман ќе биде црвеникаво и не го правете ова пред излегување.

Балсам за коса против воспаление после депилација
Балзам за коса е спас ако немате гел за после депилација при рака. Обидете се со овој балзам и нозете ќе се  супер мазни и без иритација. Друга работа – кога се депилирате  секогаш исплакнете ги нозете со речиси ладна вода за да се спречи црвенило.

Локни без фигаро
кога е уште мокра косата ставете пена за коса и врзете ја во пунџа замотана високо на главата. Резултат баш кул локни.

Премногу ги искубавте веѓите
Ако случајно сте исчупале премногу од веѓите обоите со мек молив во црна или кафеава боја, креонот е одличен за ова.

Share Button

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1