Демонстранти се обиделе да ја „уапсат“ Кондолиза Рајс


Припадниците на антивоеното движење „Коид пинк“ изјавиле дека сакаат да ја уапсат Рајс, бидејќи му била советник на Буш за национална безбедност, во времето кога започна војната во Ирак.

12 членови на оваа група на 29 август сакале да влезат во објектот каде била американска државна секретарка Кондолиза Рајс, носеле лисици и се обиделе да влезат во центарот каде се одржувал собир во рамки на конвенцијата на републиканците.


Полицијата ги предупредила демонстрантите да си заминат, бидејќи се наоѓаат на приватен имот. Некои заминале, но неколкумина се уапсени и одведени во станица.

Портпаролот на групата најавил дека без разлика дали против нив ќе биде поднесена пријава од полицијата или не, тие ќе се обидат да уапсат и други членови на администрацијата на Буш.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1