Кејт Мидлтон и забранила на свекрвата Камила да ги гледа нејзините деца


Откако се родија принцот Џорџ (2) и неговата 11-месечна сестра Шарлот, тие станаа трн во око на сопругата на нивниот дедо, принцот Чарлс (37), Камила Паркер Бојл (68).kate i kamila

Војвотката од Корнвол и нејзиниот сопруг , малите наследници премногу ги потсетуваат на покојната принцеза Дајана поради што Камила покрај нив не се чувствува најпријатно.

Анимозитетот го забележале и принцот Вилијам (33) и Кејт Мидлтон (34), па наводно не сакале „бабата“ да биде со нејзините деца без надзор.

– Камила смее да ги гледа само ако е со сопругот Чарлс – вели близок извор на британското кралско семејство. Војвотката од Корнвол наводно се почесто е во кавга со својот сопруг, бидејќи Чарлс поради љубовта кон своите внуци секогаш е на страната на Кејт, а Камила ја игнорира.djordj anglija

– Колку повеќе време поминува со Џорџ и со Шарлот, тоа помалку е со својот сопруг и Камила поради тоа е многу бесна – пишуваат британските медиуми. Таа не била воодушевена и по тоа што Вилијам и Кејт на принцезата Шарлот освен името Елизабет, по нејизната прабаба кралицата Елизабета Втора, и го дале средното име Дајана, по нејзината покојна баба Дајана, со која принцот Чарлс беше во брак.

– Камила не успеа да се избори за наклоност на народот, а малиот принц и принцеза уште повеќе ја турнаа во втор план. Затоа е многу љубоморна на малите наследници и повредено и е егото – пишуваат британските медиуми.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1