Кемал Монтено измамен – менаџерот му ги земал парите за трансплатација на бубрег


Легендарниот пејач Кемал Монтено се уште чека да му биде трансплантиран бубрег бидејќи парите кои требало да ги добие од концерт за своето лечење, завршиле во рацете на неговиот менаџер.

kemal-monteno-Според податоците од српскиот Курир, по настапот “Се вратив животе” во Сараево кој бил направен за легендарниот пејач да собере пари за своето лекување, Монтено добил само 4000 евра од својот менаџер, со објаснување дека најголемиот дел од парите биле дадени за да се покријат трошоците.

– Немав никаков договор, ме измамија. Кога е Сараево во прашање сигурно нема во скоро време таму да настапам. Ме оштетија од сите страни, а се работи за пари за лекување, вели Монтено.

Инаку, на концертот имало 18.000 луѓе, а најевтината карта чинела 20 евра, што значи дека пејачот заработил околу 360.000 евра, а закупот на просторот е помал од третина од сумата.

Курир

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1