Диви копачи нашле човечки скелет во стариот манастир кај Лешок


Неколку коски од човечки скелет со постар датум, биле пронајдени вчера во две поголеми дупки што засега непознати сторители во неутврдено време ги ископале во внатрешноста на стариот манастир „Свети Атанасиј“, што се наоѓа покрај патот Лешок-Брезно, на околу километар од истоимениот манастирски комплекс во Лешок, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

lesok6_400x299_8549de58dcb2eaaaab76aa34d9f11bb0– Сквернавењето на овој верски објект вчера го пријавил претставник на Црковниот одбор од Лешок по што јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид во рамки на кој местото е фотодокументирано, а коските се подигнати за натамошни анализи. Се преземаат активности за расчистување на тоа, кој, кога и зошто прекопувал и што барал во манастирот, рече Јосифоски.

Според извори во истрагата пронајдените коски се стари повеќе стотини години. Местото на стариот манастир „Свети Атанасиј“ кај Лешок честопати е мета на диви копачи во потрага по злато и други вредни предмети.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1