Киднапиран член на обезбедувањето на Зијадин Села


Член на обезбеденувањето на струшкиот градоначалник Зијадин Села е исчезнат веќе два дена, а неговиот автомобил бил пронајден во близина на старата автобуска станица во Дебар.uran kupa

Уран Купа (27) од селото Велешта, член на обезбедувањето на Села, последен пат бил виден на 6 февруари. Градоначалникот Села се сомнева дека првиот човек на неговото обезбедување е киднапиран.

Критичната ноќ околу полноќ таткото на Купа го барал на неговиот мобилен телефон, но тој не се јавувал, но им испратил смс порака да не му се јавуваат оти бил со луѓе. Неговото семејство се посомневале дека нешто не е во ред и случајот го пријавиле во полција.

Во интерес на истрагата полицијата не соопштува  детали за случајот.

Пред два дена 30 годишен скопјанец бил нападнат и претепан на влезот од Струга и бил киднапиран. И за овој случај полицијата не се открива детали.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1