Наоружана група денеска во главниот град на Либија, Триполи киднапирала српски лекар, јави либиската агенција „Лана“.
Како што објави агенцијата, причината за киднапирањето не е позната.
Лекарот чиј идентитет не е се уште објавен, е киднапиран во близина на болницата „Ал Сабеја“ која се наоѓа на околу 30 километри северозападно од центарот на Триполи.