Мистериозната жена која неодамна во јавноста беше видена во друштво на Ким Џонг Ун, лидерот на Северна Кореја, е негова сопруга, изјавил висок јужнокорејски функционер. Како што пренесува Би-Би-Си, сопругата на младиот лидер се вика „Ри Сол Ју“.
„По мое мислење, таа претставува негова сопруга“, изјави Ју Ву Ли, министерот за обединување на двете Кореи.
Меѓутоа тој не го образложи ваквиот заклучок. Елегантната жена, стара 30 години, е видена со Ким на 5 јули на концерт во Пјонгјанг. Севернокорејската државна телевизија пак потврди дека лидерот, е оженет, за разлика од државата која што не објавува детали за неговиот приватен живот.
Медиумите шпекулираат дека станува збор за поранешна пејачка, а некои пак немајќи точни информации сметаа дека триесетгодишната девојка всушност е сестра на Ким Џонг.