Кинез се завиткал како подарок и за малку ќе се загушел!


Еден Кинез за малку ќе го загубел животот сакајќи да ја изненади својата сакана, кога во кутија се завиткал како поклон кој го испратил на нејзината адреса. Но во курирската служба дошло до замена на кутиите па потарокот патувал подолго од очекуваното.

Ху Сенг помислил дека би било забавно да ја изненади својата двојка Ли Ванг, па да една курирска компанија и платил за да и достават необичен пакет.

Тој се пикнал во голема картонска кутија која неговиот пријател ја залепил и ја однел во компанијата. Ху го започнал очекуваниот пат од комбето до нејзиниот стан, меѓутоа возачите ја згрешиле адресата па овој пат наместо да трае половина час траел цели три часа.

Кога Ли го отворила пакетот навистина се изненадила, имало што да се види. Нејзиниот сакан бил онесвестен во кутијата.

– Не знаев дека ќе ја згрешат адресата и поминав речиси три часа во кутијата. Признавам дека се исплашив и на крајот се онесвестив поради недостаток на кислород и од страв. Се обидов да направам дупка во кутијата но толку квалитетно беше направена што не успеав ни да го изгребам картонот, признал засрамениот Ху по интервенцијата на Итната помош.

Од курирската компанија во градот Чонгкинг на југот од Кина велат дека немале претстава дека во кутијата има човек.

– Да ни го кажел својот налудничав план, никогаш не би ја прифатиле испораката, рекле од компанијата.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1