Кинезите прават град во кој не се потребни автомобили


Еден дел од кинескиот град Ченгду, со површина од седум милиони метри квадратни, е дел од најновиот кинески проект. Да се направи град за 80.000 луѓе, а каде нема да им бидат неопходни автомобили.

Идејата е градот да си произведува чиста енергија, ќе го намали загадувањето, ќе има јавен превоз, автомобилите нема да се забранети но едноставно нема да има потреба од нив, и ќе се сведе на многу мал број на приватни автомобили, за да се намали загадувањето.

Идејни творци се „Адриан Смит + Гордон Гил“. Јавниот превоз ќе е електричен. Сите домови ќе бидат најмногу две минути одење одалечени од јавен парк. Во предвидениот „еко-парк“ ќе се собираат отпадни води и смет, кој ќе произведува струја. Зградите се дизајнирани така да ја користат енергијата од ветрот, бидејќи немаат многу сонце.

творците очекуваат на овој начин да ја намалат потрошувачката на струја за 48 отсто, вода за 58 отсто, а загадувањето дури за 89 проценти.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1