Хакери ја пробиле официјалната веб страница на Московскиот суд кој ги осуди трите членки на групата Пуси Риот на две години затворска казна.
Насловната страна на сајтот подолго време беше напаѓана со безобразни/вулгарни слики и видео снимка на која се гледа бугарскиот пејач, травеститот Азис.
Во вторникот утрото, веб страницата на Камовническиот Основен суд не беше во функција, а на неа можеше да се прочита само “ недостапно заради надополнување на информации”.
Кога конечно веб страницата беше вратена и достапна за јавноста, наместо правна информација, на сајтот можеше да се прочита порака за ослободување на трите затворени членки на групата Пуси Риот, и да се види една провокативна видео снимка од контроверзниот бугарски пејач Азис, со неколку исмејувачки пораки.
Веднаш под видео снимката, стоеше информација за платите на вработените во Камовническиот Основен суд за 2011 година. Некои делови од веб-сајтот содржеа прилози со провокативни коментари за имињата на одделите на судот. На пример, одделот “Судска заедница”, беше надополнета со “Судска заедница – ќе те убиеме во догледно време”.
Одделот „Судска пракса„ беше надополнета со „не можеше да биде полоша„, одделот „он-лајн рецепција„ беше надополнета со „ и онака нема да ви помогнеме„,а одделот за „информации„ беше надополнет со „знаеме се за вас„.
Одделот за контакт информации на Московската центрлно подрачна администрација и подрачните органи за полицијата беа обележани како „ лажговци и ветувачи“.
Исто така, на страницата можеше да се види видео од новата песна од панк групата Пуси Риот со наслов „ Путин ги пали огновите на револуцијата“. На десниот агол од сајтот, веднаш до рускиот национален амблем (грб), беше испишан слоганот – „Нема логика-само цврсто/хардкор“.
Потпаролката на Камовническиот Основен суд, Дарја Лиакх потврди дека во вторникот веб страницата била цел на напад од страна на хакери. Потоа била поправена и сега нормално функционира.
Двегодишната казна затвор за трите членки на панк групата кои се товарат за кривично дело „хулиганство мотивирано од религозна омраза“ го подели руското општество. Некои се убедени дека изведувачките ја заслужиле строгата казна за нивното сквернавење на руската главна црква, во место каде тие ја извеле „панк-молитвата“, со што ги навредиле чувствата на православните верници.
Други пак, сметаат дека казната е престрога за една обична панк изведба и се плашат дека ова претставува забрана на правото за слободен говор и мирен политички протест. Тимот на одбраната целиот процес го нарече „судска постапка за исмејување“, додека пак странските новинари гоопишаа процесот како „ театар на апсурдот“.
Пресудата предизвика незадоволство кај граѓани кои протестираа насекаде низ светот.
Многумина сметаат дека судењето е политичи мотивирано и дека казната е диспропорционална во однос на кривичното дело.