Сорос “влезе“ и во Манчестер јунајтед


Откако беше откриено дека  купил речиси два отсто од акциите во Манчестер Јунајтед, американскиот милијардер со унгарско потекло, Џорџ Сорос, повторно е во фокусот на јавноста.

Според американските регулатори, Сорос купил дел од акциите на клубот Манчестер Јунајтед, откако овие акции беа понудени на берзата Вол Стрит.
Тој купи 3,1 милиони акции од класата А или 7,85 проценти од акциите од таа класа.
Кога ќе се земат в предвид акциите од класата Б, се добива сопственички удел од 1,9 проценти на клубот Манчестер Јунајтед.

Во однос на акциите од класа А , оние од  класа Б, носат 10 пати поголеми права во однос на гласањето во компанијата.
Откако, акциите на клубот, на 10 август излегоа на берзата, паднаа на 13,06 долари што е за 6, 7 проценти помалку во однос на почетната цена кога изнесуваше 14 долари.
Контраверзниот милијардер не влегува за прв пат во спортот. Во 2005 –та година Сорос се поврзуваше со безбол тимот Washington Nationals, а три години подоцна имаше вмешано прсти и во фудбалскиот клуб Рома.
Тој беше и еден од финансиерите на американската професионална фудбалска лига, и тоа од нејзиното основање, во 1995 година.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1