Интересна или луда идеја? Една од најновите невообичаени иновации во светот е „Книга која не може да те чека“.
Напишана е со мастило кое исчезнува и доколку не читате доволно брзо, буквите ќе исчезнат а книгата ќе остане недочитана.
На книгата која е напишна со посебно т.н невидливо мастило, сите букви и се тука, но истите стануваат невидливи на допир со светлина и воздух.
Кога веќе ќе ја извадите книгата од кутија, ќе морате да ја прочитате во рок од два до четири месеци. По тој период, мастилото потполно ќе исчезне.