Бизарниот настан се случил вчера околу 9 часот утрото. 36 годишниот кочанчанец влегол во подрумот од зградата, каде бил и 58 годишниот сосед и се обидел да го силува. Требало да му даде пластични шишиња кои ги собирал, по што ја затворил вратата. Потоа почнал да го допира и го терал да се соблече. Повозрасниот човек се исплашил, но не можел да се одбрани. Почнал да вика за помош и тогаш неговите повици ги чул таткото на младиот насилник кој го спречил грозоморниот чин.
Веднаш потоа нападнатиот успеал да избега и случајот да го пријави во полицијата во Кочани.
Против 36 годишникот од Кочани полицијата поднела кривична пријава поради постоење на основано сомневање дека сторил Кривично Дело „Силување во обид“.










