Скопјанец дома си одгледувал марихуана


Полициските екипи кај 49 годишниот Б.Н. од скопско Грчец пронашла 22 стебла канабис сатива со различни големини. По извршениот претрес дома, во пластеник во дворот биле пронајдени 5 стебла со големина од 2 до 3 метри, додека во близина на пластеникот во дворот, каде имало посеани пченка биле пронајдени уште 17 стебла од истото растение.

Б.Н. е уапсен а пронајдените стебла се фотодокументирани, а потоа искорнати со потврда за привремено одземени предмети и предадени на понатамошно вештачење.

Скопјанецот е приведен во службените простории на ЕНТДО за понатамошна постапка.

Пријавениот е евидентиран како сторител на кривични дела за кои е осудуван на затворски казни.

 

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1