Во најновиот број, францускиот таблоид „Closer“, кој и го откри скандалот со љубовната врска помеѓу Франсоа Оланд и актерката, тврди дека неговата партнерка, Валери, во моментот кога Оланд и признал дека има афера, целосно ја уништила канцеларијата во Елисејската палата.
Во напад на бес, Валери фрлала скапоцени вазни, часовници, уметнички слики од Националната колекција, штетата која ја направила се проценува на три милиони евра.
Валери откако дозна за аферата, имаше нервен слом и обид за самоубиство, но и покрај тоа таа е спремна на Оланд да му го прости неверството.