Кога институциите се мешаат во човечноста – Одземено бебето кое мајката го даде на другарка на чување


Бисерка А. од Големо село, Врање, која неодамна останла без сопруг, самохрана мајка на 3 деца кога се породила со уште едно бебенце за кое немала пари да го чува, а не сакала да го даде на туѓинци одлучи да го даде на чување кај својата најдобра другарка од работа, која пак немала дечиња.

341523_djordje-01_ffМајката иако во болница и понудиле да го даде детето на посвојување – одбила бидејќи не сакала да е кај туѓинци и да не го гледа. Нивната приказна ја пренесоа медиумите и ги стоплија срцата на целиот Балкан но сега рацете ги вмешаа бескрупулозните институции и нивните закони во кој нема место за човечноста.

Имено вработените во Центарот за социјални работи од Врање во петокот, направија теренска проверка и заклучија дека петмесечното бебе наместо кај мајката се наоѓа кај семејството на нејзината пријателка Оливера Милошевиќ и донесоа одлука да го одземат.

341524_djordje-02_ff

Како што пишуваат српските медиуми, бебето истиот ден е одземено од рацете на Милошевиќ и е сместено во згрижувачко семејство кај непознати лица за мајката на бебето.

-Бидејќи нема правна основа бебето да остане во тоа семејство, центарот со привремен заклучок за обезбедување на сместување, бебето го смести во згрижувачко семејство, каде што ќе остане додека не се реши случајот со неговиот семејно-правен статус-велат во Центарот за социјални работи.

На следниот линк сторијата на Бисерка

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1