,,Кога ќе ја видите месечината сетете се на Нил и намигнете му,, – Кој беше Нил Армстронг


,, за сите кои ќе прашаат како да му оддадат почит на Нил имаме едноставна молба. Кога ќе сте надвор и ќе ја видите месечината како ви се смее, помислете на Нил Армстронг и намигнете му,,

Со оваа порака семејството на најпознатиот астронаут  Нил Армсронг им се обрати на луѓето од светот, по неговата смрт, вчера на 82 годишна возраст.

Светот засекогаш ќе ја памети неговата историска реченица кога стапна на месечината.

,, ова е мал чекор за човек, но огромен за човештвото,,

Нил Армстронг роден во Охајо на 5 август 1930 година. Има потекло од Шкотско-Ирско и германско потекло. Уште од најмлада возраст покажал амбиции кон летањето. Уште на шестгодишна возраст го остварил својот прв лет заедно со неговиот татко.


Армстронг е поранешен астронаут во НАСА, во својата кариера има работено како тест пилот, аеровселенски инжинер, универзитетски професор. Пред да стане астронаут Армстронг бил дел од Американската морнарица, а има служено во Корејската војна. По војната служел како тет пилот во Националниот Советнички Комитет на Аеронаутика, каде што има поминато повеќе од 900 летови.

Во НАСА влегува во 1962 година кога биле потребни повеќе астронаути, па од новите девет бил избран само Амстронг. Во март 1962 година тој станува првиот Американец кој некогаш летал до орбитата на земјата.
На 16 март 1966 година Армстронг стана првиот човек кој што орбитирал околу планетата.


Амстронг бил именуван за во резервниот тим за Аполо 9 кој подоцна бил заменет со Аполо 8, а мисијата била да ги одведе асронаутите околу месечината, која и завршила успешно. За време на таа мисија, главниот астронаут Дејк Слејтон го именувал Амстронг за командир на Аполо 11 чија мисија ќе биде слетување на месечината. И така се случи овој историски настан за човештвото.


„Мислам дека одиме на месечината затоа што во природата на човекот е да се соочува со предизвиците“, изјави Армстронг.

Тој беше командир на Аполо 11 кога на 20 јули 1969 година половина милијарда луѓе во исто време на црно бели телевизори го следеа Амстронг како стапнува на месечината и изговара „Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото“.

На месечината, Армстронг чекореше два часа и 21 минута, за разлика од неговиот колеа Алдрин кои тоа го оствари за нешто помалку од два часа. Екипата зема камења од месечината, примероци, направија два екперименти, остварија телефонски разговор со претседателот Никсон, а според нив најголем предизвик и тешкотија им претставувало поставуваењето на америкнаското знаме.

Тогашниот претседател на САД, Ричард Никсон рече „Ова е најголемиот момент во историјата на човештвото, покрај моментот на создавањето“.
Слетувањето на месечината првенствено беше желба на претседателот Кенеди кој во мај, 1961 година се обрати на американскиот конгрес со зборовите: „ Верувам дека оваа нација треба да си вети дека ќе ја оствари целта за слетување на месечината пред да заврши оваа декада“.

video platformvideo managementvideo solutionsvideo player

Армстронг носеше камера наместена на градите на своето одело и ги сними најпознатите слики кои што според најголемите теоретичари на заговор, претставуваат најголемата грешка на американската влада со цел да ја добијат битката односно трката со Русите во поход по месечината. Според нив, на сликите се гледаат многу сомнителни моменти, како веењето на американското знаме во безвоздушниот простор, па се до сенките на астронаутите, кои што не биле во согласност со местото од каде што се наоѓало сонцето. Истите сметаат дека ова е всушност холивудско сценарио направено во некоја пустина или огромно холивудско студио.

Армстронг доживеа мал срцев удар во 1991 година. Со неговата жена се разведе во 1944 година. Во 2005 година неговиот биограф напишал дека Нил Армстронг е среќен човек, можеби најсреќен од кога било.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1