„Коха Диторе“: УЧК ја презеде одговорноста за гранатирањето на Владата


Паравоената Ослободителна народна армија, позната како УЧК, ја презема одговорноста за гранатирањето на Владата кое се случи во петокот вечерта, пишува приштинскиот весник „Коха Диторе“.

Според весникот, соопштението со кое се презема одговорност е потпишано од засега непознат командант Куштрими.koha

Од македонската полиција засега нема коментар за ова.

До сега Владата беше погодена со три гранати во два засебни напади. Од полицијата велат дека двата напади се случиле од ист правец, а во инцидентите немаше повредени.

Инаку, во петокот беше гранатиран блокот број пет од зградата на Владата што е свртен кон мостот „Гоце Делчев“, но гранатата паднала на неколку метри од фасадата и таа не е оштетена.

МВР потврди дека е испукан проектил кој паднал во тревникот кај споменикот „13 ноември“ на 5-10 метри од зградата на владата. На терен веднаш излегле екипи за антитероризам.

И при првото гранатирање на Владата, лани во октомври, одговорноста, преку соопштение ја презеде дотогаш непознатата Националната ослободителна армија (НОА), наведувајќи дека тие се одговорни за гранатирањето на Владата и дека барааат подобрување на статусот на Албанците во Македонија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1