Постојат пет најголеми причини кои го наружуваат сексот во бракот.
Мал е бројот на брачните парови кои се жалат на премногу секс. Ситуацијата на ова поле главно е потполно поинаква, но за тоа не треба исклучиво да се обвинува институцијата брак.Многу фактори влијаат на лошиот и нередовен сексуален живот. А еве пет најголеми причини, односно навики кои го нарушуваат сексот во бракот.
1. Смартфон: – Меѓу сите вечерни навики најлоша е употребата на таканаречениот паметен телефон. Исклучете го или потполно стишете го. Всушност оставете го во дневната соба и насочете се на партнерот. Следното утро ќе одговорите на мејловите.
2. Домашни обврски: – Дури и ако спаѓате во најпедантните кои пред да заминат на спиење мора се да исмијат и исчистат, дозволете си ја себе си понекогаш таа „лудост“ да одите во кревет знаејќи дека чиниите останале неизмиени. И тие може да го почекаат утрото.
3. Ајпод: – Размената на пораки со пријателите не би смеела да пречи на вашиот сексуален живот. Мислете на тоа вака – единствена игра која би требало да ја играте навечер е онаа со личност од крв и месо која лежи покрај вас.
4. Приказни за добра ноќ: – Децата ќе направат се навечер што подолго да останат будни. Ќе ви донесат еден куп книги во кревет да им читате пред спиење со надеж дека тука ќе заспијат и преноќат. Бидејќи во тој кревет двајца се сосема доволни, после прочитаната приказна испратете го вашето малечко до детската соба и фрлете се во прегратките на партнерот.
5. Сериозни теми: – Ништо не го уништува расположението така брзо како разговорот за важни нешта. Изјавите од типот „не можам да поверувам што кажа твојата мајка или син ти доби лоша оценка по математика“ оставете ги за следното утро.