Кој си живее во Карпош ќе си има нов парк, а и паркинг!


Изградба на паркови, нови паркинзи, реконструкција на улици, се само дел од многуте проекти кои ќе се реализираат во текот на годината во општина Карпош. Жителите на Карпош се задоволни од изгледот на општината, од условите кои ги имаат и од тоа што не плаќаат зонско паркирање на телата територија во општината. И покрај тоа што официјално не е започната сезоната за асфалтирање на улици, општинските служби во изминатиот период реконструираа неколку. Со оглед на тоа што во целата општина паркингот не се наплаќа, се градат нови паркинзи за потребите на граѓаните, а предвидена е и изградба на паркови во урбаниот дел на општината.most karpos

Како што пишува Вечер, граѓаните задоволни од изгледот на општината и нејзиното уредување, велат дека е најубавата општина во Скопје во која ги имаат сите услови.

 -Прераснавме во најубава и најмодерна општина со сите услови. Имаме најголем трговски центар, имаме паркови каде што можеме да прошетаме, и сме општина во Скопје во која не се наплаќа паркинг, велат жителите на Карпош.

Жителите на Карпош единствено се револтирани од граѓаните кои автомобилите ги паркираат околу нивните згради за да го посетат Сити мол.

 -За оваа година реализиран е еден паркинг простор на булевар Партизански одреди до ТЦ-Алуминка со капацитет од 50 возила. Во наредните денови започнува изградбата на паркинг пред Министерството за економија за кој се смета дека ќе биде од посебно значење поради фреквенцијата на возила. За оваа година, според Програмата, има предвидено изградба на паркови и тоа во урбаниот дел на Општината, завршуваат од општината.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1