Која е „Националната ослободителна армија“ што наводно пукаше врз Владата?


Извесна „Национална ослободителна армија“ преку соопштение ја презеде одговорноста за нападот врз Владата што се случи на 28 октомври.

Соопштението било испратено до телевизијата Алсат-М и е потпишано од извесен „Куштрими“.

vlada1-630x289

„Вечерта на 28 октомври, од 20:30 часот до 21:00 специјалните единици „Хасан Приштина“ кординирано ја нападнаа зградата на Владата, Судот и во фокусот беше напад врз една полициска станица во Скопје. Нападот врз ПС во Скопје не се случи од причина да не дојде до човечки жртви“, стои во соопштението.

Заедно со ова соопштение, „Националната ослободителна армија“ испратила и своевидна политичка изјава за мотивите, во која се наведува дека Охридскиот рамковен договор не се реализира.komunike noa

„Одолговлекувањето на неговото исполнување, пристапот на шовинистичката влада кон Албанците, македонскиот терор на шовинистичката влада допира дури до албанските фамилии, секаде и кога сака, на улици и по училишта. Монтирани случаи, групи хулигани организирани од државни инститиуции, малтретираат фамилии, населби и албански деца. Албанците денеска во Македонија ја живеат ноќта на мразот. Ја повикуваме меѓународната заедница, албанскиот политички фактор особено оние во Владата да ја видат бедната ситуација на Албанците во Македонија. Шовинистичката влада на Македонија секојдневно  се стреми полека, полека кон Русија по урнекот на Србија. Албанците не го сакаат ова. Евроатланските интеграции водат кон просперитет. Ние сакаме како што  ја делиме заедничката судбина да делиме исти можности и слободи“, стои во изјавата.

Во соопштението нема повеќе детали за тоа кога е формирана оваа организација и со каква цел. Од МВР велат дека проверуваат за каква организација станува збор и дали нивниот проглас е веродостоен.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1