Компанијата Кока Кола после 5 години рецесија во Грција донесе одлука да најде друга дестинација и да ја напушти Грција.
Во Грција беше втората по големина ,,фабрика за полнење,, на Кока Кола во светот. Компанијата Кока Кола Хеленик соопшти и офицајлно се сели во Швајцарија пренесува агенцијата AFP.
“Новото седиште во Швајцарија ќе ни овозможи стабилност која е потребна при проценките на кредитните агенции,, изјавил извршниот директор Димитрос Лоис во телефонска конференција со новинарите.
За да се реализира овој потег Кока Кола Хеленик која е една од најголемите фабрики за полнење на безалкохолни пијалоци во Европа ќе ги замени акциите со швајцарската новооснована компанија ,,Кока Кола HBC”.
“Ние остануваме грчка мултинационална компанија која ќе има седиште во Швајцарија,, изјавил директорот.
Во август Кока Кола Хеленик имаше пад на нето профитот од 13 насто, на 127,8 милиони евра.