Колегите му направиле нов венец на Борјан Јовановски – венците не се исти (Фото)


Новинари се собраа пред македонската Влада да побараат од институциите да го решат случајот со испраќањето погребен венец на адреса на новинарот Борјан Јовановски. Со нив навистина носеа венец, но не тој кој Борјан го примил, туку сосема различен венец.

Сопругата на Борјан Јовановски вчера беше фотографирана со еден венец, а новинарките на Нова ТВ каде работи Борјан, во раце држеа сосема различен венец. Ова наиде на многубројни коментари на социјалните мрежи. veecot44

Еве што Борјан Јовановски за ова напиша на својот фејсбук профил

,, Гледам дека на големо се шири веста за тоа дека инцидетот е манипулација, моја и на моите колеги..Доказ на антиподовите на новинарството е дека венецот бил различен. Во име на здравиот разум должен сум да кажам дека венецот кој беше доставен во мојот дом се наоѓа во полиција на истрага. Венецот кој денеска е оставен пред влада ко купија моите колеги во функција на симболиката. ВМРО ДПМНЕ која раководи со МВР во интерес на вистината и повторно здравиот разум би било добро да го открие сторителот без разилка на неговите мотиви или партиска афилијација. Тоа е законска обврска на МВР чиј министер е од редовите на ВМРО ДПМНЕ,, 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1