Колку чини Нова Година во Истанбул, во Бугарија, Дубаи – а колку во Македонија


Истанбул и Париз се најатрактивните дестинации за Македонците за пречек на Новата Година. Покрај нив, интерес има и за Прага, Будимпешта, Виена, Барселона и Дубаи. Сепак, најголем дел за новогодишните празници ќе останат во државата.

Почетните цени на аранжманите се движат од 250 евра за Истанбул со вклучен авионски превоз, за каде новогодишното патување со автобус чини околу 140 евра, како и 450 евра за Париз со авион.

nova-godina-slavlje-600x340За останатите дестинации како што се Будимпешта, Букурешт и Виена, новогодишните пакети чинат од 120 до 160 евра со автобус, а за поегзотичните како Барселона и Дубаи од 500 до 900 евра.

Од туристичките агенции велат дека најпродавани се аранжманите со вклучен авионски превоз, а за автобускиот превоз интересот е помал за разлика од минатите години.

Од соседните држави годинава внимание привлекува Софија, во Бугарија, каде што за новогодишните празници се нудат аранжмани по поволни цени од околу 90 евра со автобуски превоз. За останатите туристички центри во соседството интересот е помал.

Сепак, дел од туристичките работници велат дека Македонците се помалку се заинтересирани за патувања надвор од државата за новогодишните празници, а причината за тоа ја гледаат во намалената куповна моќ на граѓаните и фактот дека има само еден неработен ден.

Најмал интерес кај Македонците има за аранжманите во домашните туристички центри. Причина за тоа, како што оценуваат од агенциите, е што повеќето од нив имаат станови или викендици во Охрид и Маврово, па оттаму и интересот за овие места е се помал.

ohridНајбројни во Охрид ќе бидат туристите од опкружувањето, главно од соседните држави. Цените варираат зависно од категоријата на хотелот и понудата, но главно се работи на тридневни и дводневни аранжмани, со вклучен пречек на Новата година и забава и за 1 јануари или втората вечер.

3 дневни и дводневни аранжмани со вклучен свечен пречек со свечено мени и неограничен појадок по цена од  80 евра, до 150.

Во кафулињата и ноќните клубови пречекот чини од 1.000/1.200 денари со ладна закуска, апетисани, овошје и четири пијалоци.

За охридските ресторани стандардно на понудата се целовечерни пакети, а цената варира зависно од локалот и понудата. Од 35 евра до 50.

За оние кои ќе решат Новата 2014 година да ја дочекаат на отворено организиран е дочек на Градските плоштади

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1