Колку е безбедна Е – цигарата?


Околу влијанието на електронската цигара научниците се уште не можат да заземат заеднички став.

Додека некои тврдат дека таквиот вид на пушење е чекор на одвикнување, Светската Здравствена Организација (СЗО) предупредува – нејзините последици по здравјето се уште не се познати! Е-цигарата е направа која симулира пушење со испарување на никотински течности. Токму поради никотинот ретко кој здравствен работник во светот ќе се согласи со изјавата на продавачите на овој производ дека е здраво алтернативно пушење.

СЗО не ја препорачува е-цигарата како средство за одвикнување од пушењето бидејќи не е доволно проверена преку клинички испитувања и токсиколошка анализа.

Електронската цигара е замислена како целина која ја заменува класичната цигара. Сличен облик и изглед – секоја се состои од три основни делови: батерија слична на оние од мобилните телефони, електронски распрснувач со чија помош настанува пареата и никотинско полнење со различна јачина. Кпја ќе биде количината на никотин зависи од купувачот. Со вдишување на пареа од никотин се задоволува желбата за никотин. Па така со овој уред желбата за обична цигара повеќе не би требало да постои.

– На почетокот чувствував како нешто да ми недостига, но во самиот старт сватив дека тоа ми е навистина добра замена. Моментално се чувствувам психофизички 200 проценти подобро, нема повеќе непријатен здив, не ми пожолтуваат прстите, не ми мирисаат завесите, изјавил еден корисник кој се одвикнал од обичните цигари пред дванаесет години и ги заменил со електронска.

Многумина од продавачите на е-цигарата би рекле дека тоа не е никакво револуционерно решение, тоа е обична иновација каде водената пареа односно пареата од течноста се инхалира и многумина од луѓето изумот го нарекуваат инхалатор.

Но американската агенција за храна и лекови, ФДА, во досегашните испитувања на пет типа електронски цигари од различни производители, заклучила дека овие производи содржат канцерогени и отровни хемикалии, но и СЗО е доста скептична. Тимоти О`Лери од иницијатива „Tobacco Free“ при светската здравствена организација нагласува „СЗО не ја отфрла можноста дека еден ден ќе биде докажано дека електронската цигара помага при одвикнување од пушење, но тој ден се уште не пристигнал“.

Во меѓувреме постои голем број нејаснотии поврзани со нив. Дали се сигурни, какво е нивното влијание врз човечкото здравје? Тоа се сериозни прашања и додека не се одговори на нив националната институција како ФДА во САД но и слични органи во Европа и насекаде во светот, со право може да се сомневаат. Да се престане со пушење, односно, да се прекине односот со никотинската зависност претставува тешка одлука. На овој начин таа зависност не се раскинува. Во која мера би се намалиле опасните заболувања предизвикани со користење на обичните цигари во однос на е-цигарата се уште е непознато. Здравствените институции одлуката за преземање на тој ризик ја оставија на самите пушачи.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1