Колку заработуваат славните од нивните парфеми?


Денес многу славни личности имаат свој парфем, но ретко кој заработува од овој бизнис.

„Сакам да креирам забавен и духовит парфем“, изјави актерката Сара Џесика Паркер пред две години во очи премиерата на филмот „Sex and the City 2“. Но, постигна многу повеќе. Нејзиниот цветно-овошен парфем NYC само на тлото на САД оствари заработка од 18 милиони долари.

Пред 20 години, Елизабет Тејлор беше првата филмска дива која создаде свој парфем и го нарече „ White Diamonds“.  Се проценува дека овој парфем, само за една година на ѕвездата и’ инкасирал неверојатни 54 милиони долари. Сензуално-цветниот мирис на една од најголемите актерки  на сите времиња и денеска е меѓу најпродаваните парфеми во Соединатеите Американски Држави.

Првата манекенка пак која што може да се пофали со успешен парфем е Наоми Кембел. Таа пред 13 години го лансираше познатиот „Naomi Campbell Classic“ и истиот сеуште се наоѓа на листата најпродавани парфеми на славни личности. Во меѓувреме, манекенката лансираше уште десет парфеми кои исто така добро котираат.

Со одлична заработка во овој бизнис може да се  пофали и пејачката Бијонсе.

 Оваа пролет, својот парфем првенче „Truth or Dare“ го лансираше и поп-кралицата Мадона, и се очекува, со оглед на популарноста на оваа дива, парфемот да допре до срцата на илјадници дами.

Tags: , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1