Се помалку мајки ги дојат своите деца – нема замена за мајчиното млеко


Ова е Светска недела на Доењето на глобално ниво. Манифестации ќе има од 1 до 7 Август во повеќе од 150 земји под слоганот “Разбирање на минатото – план за во иднина.”

Настаните имаат за цел да се развие свеста на јавноста за важноста и придобивките од доењето, како и да се обезбеди поддршка за подобрување на здравјето на мајката и детето.
Според истражувањето на УНИЦЕФ спроведено во 2005, само 23 отсто од мајките ги доеле бебиња до четири месеци, додека само 15 отсто до шест месеци.

А истражувањето спроведено во 2010. година покажа дека бројот драстично се намалил. Имено паднал на 11 отсто. Во Србија дури постои и банка за Мајчино млеко од 2009. година за да се обезбеди најприродната и најздравата храна за бебињата чии мајки не се во состојба да дојат, но повторно процентот на жени кои дојат е многу низок.

Оваа година, исто така, ќе биде одбележано и 10 години од спроведувањето на Глобалната стратегија за доенчиња и мали деца, усвоена од страна на Светската здравствена организација и УНИЦЕФ.

Ефективна имплементација на оваа стратегија е од суштинско значење да се зголеми процентот на доењето деца, особено во првите шест месеци од животот.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1