Командант Љирим Јакупи – Наци на слобода, судот во Косово рекол не е виновен


Судот во Гнилање го ослободил осомничениот за тероризам Љирим Јакупи викан “нациста”. Беше осомничен за терористички напад на полицијата кај Бујановац 2003, а добро и е познат и на Македонија за дела сторени кај нас.

Судот сега го ослободил од сите обвинувања, јавуваат Приштинските електронски медиуми, пренесува РТС. А меѓу судиите кои донеле одлука за ослободување бил и судијата на Еулекс Владимир Микула.

Микула рекол дека нема докази дека Јакупи е строител на делата за кои е обвинет. Љирим Јакупи беше еден од најбараните меѓу албанските бегалци од правдата, уапсен во Приштина 2010, три години откако на спектакуларен начин побегна од затворот Дубрава на 18. август 2007. откако пукаа на стражарите, кои беа зафатени одговарајќи на оружен напад надвор од затворот.

Јакупи и Рамадан Шити побегнаа во Македонија, каде во околина на Тетово, организирале група одметници и сериозно се наоружале и утаврдиле во селото Бродец. Во акција на македонските специјалаци, убиени се 8 припадници на групата и запленета огромна количина оружје, меѓу кои и модерни противтенковски и противавионски проектили, а Јакупи наводно, ранет, успеа да побегне на Косово.

Полицијата заплени противавионски проектили СА-7, противтенковски ракети, минофрлачи, снајпери, митралези, автоматски пушки, експлозив, гранати и многу муниција.

Командант Наци последен пат со македонската полиција се судри на крајот на април 2010, кога неговата група беше разбиена. Македонските специјалци по десант од хеликоптер, ја разбија групата кај местото Блаце и во пет засолништа најде огромна количина вооружување

Јакупи и е познат на нашата полиција кога по расформирањето на Ослободителната војска на Прешево, Бујановац и Медвеџе, тој додје во Македонија, а 2004. заедно со Агим Красничи, се забарикадира во скопското село Кондово, претејќи дека ќе го ракетира аеродромот во Скопје. Кризата е решена после писмото на Рамуш Харадинај.

Во 2009. истрага против Јакупи покренаа и српските власти, после серија напади кај Бујановац и Прешево.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1