Конечно ќе се реновира Железничка – до 2015 година во ново руво


До 2015 година, Железничката станица во Скопје треба да биде целосно реконструирана, а постапка за рехабилитацијата и надградбата почна денеска со објава на тендер за избор на градежна компанија.

„Проектот го реализираме со помош на ЕУ, со финансии во износ 2,5 милиони евра, од кои 85 отсто се од ИПА фондовите, а 15 отсто од домашно финансирање. Реконструкцијата се случува по цели 33 години, односно од изградбата на Железничката во 80-тите години”, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

zeleznickaТендерот ќе трае до 3 септември, а Јанакиески очекува изборот на градежната компанија да заврши најдоцна до јануари наредната година и да почнат градежните работи.

Се предвидува изградбата да трае 12 месеци, што значи дека до 2015 година Скопје треба да добие целосно реконструирана Железничка станица во Скопје, додаде Јанакиески.

Најголем дел од инвестицијата ќе биде внатрешно уредување на Железничката. Со изготвениот основен проект според европските и националните стандарди, треба да се рехабилитираат приземјето, мезанинот и платформското ниво.

Исто така, се планира подигање на нивото на перонската платформа, поставување два нови лифта, замена на скалишните краци од мезанинот до платформата со нови, реновирање на чекалните, поставување нови информативни табли. Ќе се реновираат и влезот во станицата со пристап за лица со хендикеп и тоалетите.

„Веќе се изготвени и проектите за останатите 10 железнички станици на Коридорот 10 и во текот на месецов во соработка со ЈП „Инфраструктура” ќе ги доставиме документите до ЕК”, најави Јанакиски.

Преку Железничката станица во Скопје минатата година се превезени 653.868 патници, а во 2011. 947.119.

За набавка на нови вагони, Јанакиески рече дека целосната документација е доставена до Европската банка за обнова и развој, се чекаат забелешки или одобрување од банката, по што ќе следи јавниот повик

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1