Во тек е конкурс за доделување на студентски соби. Ви го пренесуваме во целост.
Врз основа на член 30 од Законот за ученичкиот и студентскиот стандард (“Службен весник на Република Македонија” број 37/98 и 40/03) и Решение број 08-5760/1 од 11.07.2012 година, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА распишува К О Н К У Р С за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за академската 2012/2013 година.
Во академската 2012/2013 година во државните студентски домови и други соодветни објекти за сместување во Република Македонија ќе се примаат редовни студенти запишани на академски студии од прв циклус на универзитетите и високообразовните установи во Република Македонија и тоа во:
Реден број |
СТУДЕНТСКИ ДОМ |
МЕСТО |
Број на легла |
1 |
СТУДЕНТСКИ ЦЕНТАР “СКОПЈЕ” | Скопје |
3108 |
|
-ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ |
1214 |
|
|
-КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ |
490 |
|
|
-СТИВ НАУМОВ – прва и втора зграда |
540 |
|
|
-СТИВ НАУМОВ – трета зграда |
514 |
|
|
-НЕВЕНА ГЕОРГИЕВА ДУЊА |
350 |
|
2 |
ДСД “ПЕЛАГОНИЈА” | Скопје |
937 |
3 |
ДСД “ТОМЕ СТЕФАНОВСКИ СЕНИЌ” | Скопје |
440 |
4 |
ДСД “КОЧО РАЦИН” | Битола |
380 |
5 |
ДСД “НИКОЛА КАРЕВ” | Охрид |
218 |
6 |
ДСД “ДОНЕ БОЖИНОВ” | Пробиштип |
130 |
7 |
ДСД “ОРДЕ ЧОПЕЛА” | Прилеп |
335 |
8 |
ДСД “БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ” | Штип |
216 |
9 |
ПСД “ОАЗА” | Штип |
112 |
10 |
ПСД “ХИЛЈАДНИКОВ” |
Од вкупниот број расположиви места во студентските домови, комисијата обезбедува до 20 % од вкупните места за студенти, кои за прв пат ќе бидат запишани на факултетите и високите школи.
I. УСЛОВИ ЗА ПРИЕМ
I.1. Право на прием имаат редовни студенти кои се школуваат надвор од местото на живеење и тоа:
1. Редовни студенти на факултети кои имаат помалку од осум семестри и не повторувале академската година;
2. Редовни студенти на факултети кои имаат осум семестри и не повторувале повеќе од една академската година;
3. Редовни студенти на факултети кои имаат над осум семестри и не повторувале повеќе од две академски години;
4. Да се државјани на Република Македонија
I.2. Право на прием имаат редовни студенти кои се запишани на универзитетите и високообразовни установи во Република Македонија избрани со конкурси, одлуки, решенија, договори и сл. и тоа: владини стипендисти-студенти со македонско потекло, студенти од странство кои студираат на универзитетите и високообразовните установи во Република Македонија, студенти согласно програмата ЦЕЕПУС, студенти според билателарни договори, конкурси и др.
I.3. Студентите на кои им е изречена дисциплинска мерка исклучување (отстранување) од домот или имаат неподмирени долгови кон домот, немаат право на прием.
I.4. Студентите кај кои Комисијата за прием ќе констатира злоупотреба на добиеното легло, истото ќе им биде одземено и доделено на студент од листата на чекање за соодветниот дом.
II. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Студентите кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk/apliciraj. Студентите може да конкурираат само за прием во еден студентски дом.
За студентите кои се пријавиле повеќе пати, за валидна ќе се смета последната пријава.Рок за електронското пријавување на студентите од II година и повисоките години почнува од 12.07.2012 година до 12.08.2012 година. Рок за електронското пријавување на студентите од I година почнува од 21.08.2012 година до 27.08.2012 година.
Студентите, кои ги исполнуваат условите по конкурсот и се избрани на прелиминарниот список, потребно е да ги достават следните документи:
1. Молба;
2. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава;
3. Потврда за остварениот успех во студирањето на студентот;
4. Потврда за редовност во студирањето на студентот;
5. Новозапишаните студенти од I-ва година, наместо потврда за редовност (точка 4), да достават копии од свидетелства за завршена I, II, III и IV средно образование.
6. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото семејство;
7. Потврда за остварена нето плата на вработените членови на семејството за месец мај 2012 година или доколку за овој месец не е исплатена нето плата, да се достави потврда за последната исплатена нето плата (а истата да се наведе и во електронската пријава); за пензионираните членови на семејството се доставува чек-испратница од пензија; за невработените членови на семејството да се достави потврда од Агенција за вработување дека се невработени или примаат – не примаат паричен надоместок (во потврдата да биде наведен износот на паричниот надоместок, доколку го примаат); за починат родител да се достави препис од извод на умрените (и чек-испратница од пензија); за разведени родители да се достави доказ за разводот, додека за учениците и студентите (сестри, браќа) потврди од училиштето, односно факултетот;
8. Изјава од родител – старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот;
9. Копија од уверение за државјанство на Република Македонија.
Горенаведените документи се доставуваат до студентскиот дом за каде се пријавува студентот, од 20.08.2012 година до 24.08.2012 година, а студентите од I година документите ги доставуваат од 30.08.2012 година до 03.09.2012 година.
Документите на кандидатите кои се некомплетни, ненавремено доставени и не се идентични со податоците кои се внесени во електронската пријава, нема да бидат разгледувани.
IV. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИ
IV.1. Начинот и постапката за прием на студентите во студентските домови и други сместувачки капацитети, како и условите за сместување и исхрана се регулираат согласно Законот за ученичкиот и студентскиот стандард и Правилникот за начинот и постапката за прием на студентите во државните студентски домови.
Во согласност со правилникот за прием на студентите, успехот од средното образование, успехот во студирањето, редовноста во студирањето и семејната положба на студентите се основните елементи за рангирање и прием на студентите во студентските домови.
IV.2. Прелиминарните резултати од конкурсот за студентите од II година и повисоките години ќе бидат објавени на 15.08.2012 година на огласните табли во студентските домови каде конкурирал студентот и на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk/apliciraj.
Приговор по резултатите се доставува до архивата на Mинистерството за образование и наука, Ул. Мито Хаџи-Василев Јасмин бб, Скопје во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите.
Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 30.08.2012 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и на интернет порталотwww.smestuvanje.mon.gov.mk/apliciraj.
Непополнетите места ќе се пополнуваат со студенти од листата на чекање, кои ги исполнуваат условите.
IV.3. Прелиминарните резултати од конкурсот за прием на студенти од I година ќе бидат објавени на 29.08.2012 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk/apliciraj.
Приговор по резултатите се доставува во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите до архивата на Министерството.
Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 08.09.2012 година на огласните табли во студентските домови, за каде што конкурирал студентот и на интернет порталотwww.smestuvanje.mon.gov.mk/apliciraj.
IV.4. Доколку се обезбедени соодветни услови, слободните места во студентските домови ќе може да се пополнат со ученици, согласно условите од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2012/2013 година.
V. РОКОВИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ
Студентите од повисоките години се вселуваат во студентските домови од 01.09.2012-10.09.2012 година.
Студентите од I година (бруцоши) се вселуваат во студентските домови од 10.09.2012-15.09.2012 година.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА