Утре ќе биде пекол – дури од понеделник мал пад на температурите


Македонија утре ке го има најтоплиот ден во оваа година. Се очекуваат екстремно високи температури кои ке се движат од 31°C до 42°C, и висока вредност на ув индексот 10.

Во Скопје во недела тропски ден. Ке биде сончево и многу топло. Слаб јужен  ветар. Утринската температура од 20°C, а максималната дневна ке достигне до 39°C. Ув индекс 10.

Од понеделник до среда следува период на сончево и топло, со пад на температурите и силен ветар. Максималните дневни температури ке се движат од 21°C до 32°C, а ветерот понекаде ке достигне брзина и до 50 км/ч. Од четврток повторно пораст на температурите.

Во понеделник ке биде претежно сончево, и ветровито со мал пад на температурите. Ке дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветар кој ке достигне и брзина до 50 км/ч. Најсилен ветарот ке биде во текот на ноќта и во раните утрински часови во вторник.  Утринските температури од 13°C до 24°C, а максималните дневни ке се движат од 25°C до 36 °C. Ув индекс 9.

извор – www.weather4all.com.mk

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1