Завчера, на Youtube, беше објавена неверојатна снимка од безбедносна камера во Северна Дакота, САД. Имено, на снимката може да се види како во доцните ноќни часови, еден автомобил се движи по пустата улица, а момент подоцна, по силен блесок, исчезнува.
Настанот е снимен на главната улица на градот Кавалир, од камерата поставена на покривот на блиската зграда.
Нема да биде прв пат ако на крајот излезе дека ова е лажно видео, но како аргумент за вистинитоста многумина ја истакнуваат сенката под автомобилот. Ако го забавите/запрете видеото во вистинскиот момент, ќе ја забележите сенката под автомобилот, од самиот автомобил. Тоа алудира дека изворот на исклучителната силна светлина доаѓа озгора, а не е едноставен видео ефект што би го осветлил севкупното видео. Од друга страна, звукот несомнено потсетува на деатоматорот што го користат Вил Смит и Томи Ли Џонс во „Луѓе во црно“.
А вие, што мислите?
ПС. Слободно прескокнете ги првите 50 секунди.