Веќе е познато дека солариумот предизвикува рак на кожата, но научниците сега предупредуваат – кремите за потемнување потикнуваат проблеми со неплодност, аномалии на плодот, па дури и рак.
Овие производи содржат formaldehid и nitrozamin, но и состојки кои се поврзуваат со алергиите, дијабетесот и хормоналните проблеми. Во овие креми се најдени хормонски спојки кои се докажало дека влијаат на развојот на фетусот.
Jacqueline McGlade, извршната директорка на европската агенција за екологија изјавила дека ова предупредување не е шега, а истражувањата биле сериозни и обемни. Резултатите се тие.
Честички од кремите често се вдишуваат при нанесувањето и така лесно влегуваат во крвотокот. Иако производителите тврдат дека се безопасни, научниците велат не е така. Во најмала рака ги засилуваат симптомите кај астмата и белодробните заболувања, докажано влијаат на фетусот и неговиот развој и долго остануваат во крвотокот. Тоа е цена за убавина која не сакате да ја платите – децидни научниците.