Косово ја снабдува Германија со органи


Приштинската клиника „Медикус“ е главниот извор за донација на човечки органи кои што се појавија на црниот пазар, а нивната крајна дестинација се клиниките во Гетинген, Регензбург и Берлин во Германија.

Ваквата информација ја обелоденија германските новинари на политичкиот неделен весник „Шпигл“, кои во соработка со германските истражни органи полека почнаа да го отпелткуваат клопчето на свирепото убиство на српски државјани, за време на воените конфликти во 1999 година, која Србија беше нападната од страна на воените сили на НАТО.
Како главна матрица за ваквата илегална трговија, се посочува косовската клиника „Медикус“.
Името на оваа установа во последните години редовно се споменува, кога станува збор за тргување на човечките органи со киднапираните Срби на Косово, но и многу останати жртви на таканаречената медицинска мафија во оваа земја.

Според податоците до кои дојде поранешниот швајцарски сенатор, Дик Марти, кој бил во функција на истражител на Парламентарниот Европски Совет, но и според наводите на специјалниот иследник на Еулекс, Канаѓанецот Џонатан Рател, приштинската клиника „Медикус“, е една од главните снабдувачи на органи на престижните клиники низ Европа. Органите најмногу се дистрибуираат во Гетинген, Регензбург и Берлин.
Приштинската клиника според наводите на истражителите, се сомничи за трансплатациии, а некои се и во тек, на дваесет од триесетина вавки случаеви кои што се појавија во Германија. „Медикус“, е клиника слична како на онаа во Молдавија и Казахстан, во која се ваделе органите на жртвите, а потоа се траспортирале на адреса на реномирани светски клиники, во кои богати пациенти чекале на ред за трасплатација на бубрег или црн дроб.

Неделниот германски весник „Шпигл“, направил репортажа на лице место. Германската јавност и тамошното обвинителство, веќе се запознаени со случајот за германскиот државјанин Валтер (целосниот идентитет е забранет да се соопшти во јавноста), на кој што му е пресаден бубрег за цена од 81,892 евра и 72 центи. Органот е земен од страна на една руска емигрантка од Израел, која што за нејзиниот орган добила парична сума од 8000 евра.


Според податоците до кои што дошол весникот „Политика“, во јануари годинава, професор по име Бер, бил главниот финансиер на опремата на приштинската болница. Добар дел од неговата донација на Косово, протекува од фондот на германското Министерство за економска соработка и развој со странство.
Портпаролот на Министерството во Берлин, Катарина Менц, ги известила авторите на овој текст, преку елекронска пошта на 24 јануари годинава во 16:42 часот, дека прашањето околу финансирањето на приштинската клиника од фондот на германското министерство, ќе биде разјаснето во најкраток можен рок. Но, утврдено е дека парите за опремата на „единствената болница на Косово“, се проследени на хуманитарна организација чие име не се соопштува.

Интересни се реакциите во Германија – на прашањето зошто трагата која водела кон професорот Бер, своевремено се губи, а повторно се појавува пред десетина дена.
Во разговорите со аналитичарите, водечкиот германски медиум „Политика“, обелодеува дека минатата среда во Германија, на сила стапил некој закон кој што ја олеснува трансплатацијата на органите. Бројот на доброволни донатори, наеднаш опаднал, откако јавноста се запозна со поврзаноста на аферите на незаконска трансплантација на органи во неколку водечки клиники во државата.

„Од податокот дека органите за илегална трансплатација, стигнуваат индиректно од странство, се доаѓа до заклучок дека легалните донации во Германија се заштитени во склоп на законите, на оние пациенти на кои што им се најпотребни“, изјавил извор во Министерството за здраство во Берлин.

Share Button

Tags: , , , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1