Двајца вооружени напаѓачи влегоа денеска во затвор во Женева, од каде украле засега неутврдено количество на пари.Крадците биле облечени во црно, а едниот од нив имал пиштол, соопшти полицијата, не наведувајќи повеќе детали.
Тие избегале со моторцикл и ја преминале границата со Франција. Швајцарските власти веднаш ги алармирале нивните француски колеги.
Француската полиција започна потера, а според последните информации пронајден е само моторциклот.
Нема повредени лица за време на грабежот, кој целосно ги шокирал вработените во затворот.