Крадци ограбиле затвор


Двајца вооружени напаѓачи влегоа денеска во затвор во Женева, од каде украле засега неутврдено количество на пари.Stazijev zatvor 1Крадците биле облечени во црно, а едниот од нив имал пиштол, соопшти полицијата, не наведувајќи повеќе детали.

Тие избегале со моторцикл и ја преминале границата со Франција. Швајцарските власти веднаш ги алармирале нивните француски колеги.

Француската полиција започна потера, а според последните информации пронајден е само моторциклот.
Нема повредени лица за време на грабежот, кој целосно ги шокирал вработените во затворот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1