Крај на светот или чудо на природата: Се отвори небото над Костарика (Видео)


Жителите на Костарика беа сведоци на невообчаен метеролошки феномен, кој кај многумина предеизка страв.

– Бевме во лунапарк со нашиот 11-годишен син Ариел кога видовме необичен облак на небото. Бевме воодушебени, иако не знаевме за што се работи, бидејќи досега не сме виделе ништо слично, изјави Џозеф Петит за американската телевизија Еј-Би-Си.nebo

Локалната жителка Џеси Монтеалегре изјави дека облакот претставувал „глетка што го одзема здивот“. – Тоа беше како Божји знак, вели Монтеалегре.

На социјалните мрежи набрзо се појавија форографии од појавата со коментари од типот: „Небото се отвори над Костарика“ или „Крај на светот“.

Сепак метеорологот Еладио Солано објаснува дека станува збор за феномен кој се нарекува „иридесценција на облаците“

Овој феномен настанува при дифракција на сончевата светлина низ облаците, создавајќи ефект на боите на виножитото.

Но, за разлика од виножитото, каде сончевите зрци се прекршуваат додека минуваат низ капки дожд, дифракцијата настанува кога снопот светилна ќе наиде на препрека со големина слична на брановата должина на светлината, при што се прекршува и се „превиткува“ околу препреката.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1