Денеска при извршување на градежни работи спроти влезот на ГТЦ се превртил камион-кран, јавува Курир.
За среќа камионот се превртел и паднал врз објектот во изградба, а не кон улицата и според првичните информации нема сериозно повредени лица.
Курир стапил во контакт со Цветко Грозданов, директорот на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор кој изјавил дека ваква незгода може да се случи при извршување на било која градба. ,,Нас ни е најважно што нема повредени и што не е извршена некаква штета,,
Камионот е во сопственост на фирмата Бетон, која ја спроведува изградбата.
Фото – Курир