Човек со сопствени раце поместил планина, за да направи пат кон своето село (ФОТО) (ВИДЕО)


-Кога е Бог со вас, ништо не може да ве спречи – рекол Дасрат Манџи, Индиец кој своерачно и без ничија помош пробил пат низ планината и отворил 60 изолирани села од индискиот регион, кон надворешниот свет.

Дасрат Манџи, селанец без земја, ги напишал можеби најбрилијантните страници од историјата, какви не се запишани уште од времето на Стаханов, Алија Сиротановиќ, Никола Шкорбиќ и Ариф Хералиќ.
Коистејќи ги само најосновните орудија, за време од две децении упорна и неуморна работа, тој своерачно ископал пат низ планината, за да направи пат на својата заедница, зашто неговата влада одбила да го направа она што во основа е нејзината работа.

Ако ви е потребна некаква мотивација, приказната не може да биде поинспиративна од оваа. Тој почнал да го пробива патот низ планината потполно сам, за на своите селани да им обезбеди пристап до школите, пазарите и околните села.

– Ова брдо ни задаваше неволји со векови. Луѓето бараа од владата многу пати да направи нормален пат преку планина, но никој не обраќаше внимание на тоа. Заради тоа, одлучив тоа сам да го направам – рекол Манџи на индиските медиуми.

Користејќи длето, чекан и лопата, овој легендарен човек направил тесен премин од 110 метри и широк десет метри, по кој сега може да се движат и моторни возила.

Планината, пред овој херојски потфат на Манџи, ги приморувала луѓето од сите 60 изолирани села, да пешачат низ овој опасен регион со часови до училиште, само да дојдат до својата земја или најблиски пазари. Децата по 8 часа пешачеле до училиште, но сега, благодарение на овој скромен и несебичен човек, нивниот пат е намален на само 3 км.

Што го натерало човекот на ваков монументален потфат? Се разбира, кој друг големата и непризната жена,  што секогаш правела големи историски дела. Колку ли големи дела се изведени за да се импресионира „женката“.

– Мојата жена, Фагуни Деви, сериозно се повреди кога ја преминуваше планината за да ми донесе вода, на фармата на која тогаш работев. Тогаш одлучив дека морам нешто да сторам, кога веќе никој друг не сака – рекол Манџи.
Неговата жена, за жал, не доживеала да ги види плодовите од неговата работа. Но, тоа не го натера да престане, туку само уште повеќе го поттикнало на посветеност према својата цел. Љубовта према жената била само иницијалната каписла: кога таа умрела, желбата на илјада селани погодени од непостоење на пат, конечно добиле пат каков што заслужуваат, продолжувала да го подигнува неговиот дух и да го тера да оди напред.

Она што е најверојатно во целата приказна е фактот дека во сето ова, никој од селаните не помогнал, иако би можеле тоа да го очекувате. Луѓето го исмевале поради впуштање во оваа херкуловска работа, и дури сега кога почнала планината да се раздвојува, почнал и тој да добива помош.

Секако, очекувате дека таа помош била природна, па очекувате дека скокнале да копаат заедно со него. Но, не е така,  само неколку од нив му носеле храна и купувале алатки. Сега, се разбира дека благодарни зборови за овој `планински човек`.
Ни индиската држава не му дала никакво признание, само државно погребување, кога починал во 2007 година.
– Она што го направив, може сите да го видат. Кога е Бог со вас, ништо не може да ве спречи – рекол тој.
Му требале 22 години да ја исполнат својата мисија, но со неа станал бесмртен. Дасрат Манџи е жив светилник.

Tags: , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1