Крим прогласи независност – Русија ја повика Украина да стане федерална држава


Врховниот совет на Крим усвои денеска на вонредна седница резолуција за независност и се обрати до Русија за „прием на Република Крим во состав на Руската Федерација“.

Man walk by a poster calling people to vote in the upcoming referendum, at the Crimean port of SevastopolСобранието на Крим, исто така, се обрати до ОН и до сите држави во светот да ја признаат. За предлогот гласаа 85 пратеници од кримското Собрание. На Крим вчера беше одржан референдум за статусот на кој 97,7 отсто избирачи гласаа за обединување со Русија.

Претседателот на кримската влада, Сергеј Аксјонов денеска изјави дека Русија на Крим му испратила финансиска помош во износ од речиси 295 милиони евра, само еден ден откака граѓаните на таа прокраина со големо мнозинство изгласаа да сакаат да се поделат од Украина.

Руското Министерство за надворешни работи ја повика Украина да стане федерална држава и да побара спроведување на нови избори , пренесоа агенциите.

Во соопштението на Министерството се инсистира украинскиот парламент да свика Велико народно собрание кое ќе изготви нов устав ; да стане Украина во федерална држава и да може да реалоцира власта кон регионите.

Министерството нагласува дека предлозите се дел од дипломатските напори за намалување на тензиите во Украина .

Москва инсистира украинските региони да имаат поголема автономија и земјата да прифати ” неутрален политички и воен статус” .

Русија исто сака создавање на Контакт група со меѓународни претставници за регулирање на ситуацијата во Украина .

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1