Македонец кандидат за градоначалник на Париз – изборите на крајот на март


Кристоф Најдовски, чии родители имаат македонско потекло, е кандидат за градоначалник на Париз, на изборите што ќе се одржат на 23 и на 30 овој месец.

hristophe-najdovskiНајдовски ја предводи листата на партијата на Зелените. Неговите родители во 1968 заминале од родната Битола и се преселиле во Париз, каде една година подоцна, во 1969 се раѓа тој. По матурирањето студирал економија, а во 1993 година станува член на Партијата на зелените.

Во интервју за весникот Дневник, правејќи паралела помеѓу Париз и Скопје тој вели дека двата града ги имаат истите проблеми, загадување на воздухот, проблеми со јавниот превоз, како и во соживотот меѓу граѓаните од различно потекло. Но, метрополата на Франција е богат град со 400 милиони евра буџет и големи социјални разлики меѓу луѓето, објаснува Најдовски

Најдовски е единствен политичар во Франција што се кандидира за толку висока функција, а можеби и во Западна Европа, кој е со потекло од Македонија

kristof-najdovski3– Можеби јас сум првиот политичар, тоа ми дава извесна гордост, но и извесна одговорност кон земјата од каде потекнувам од Македонија. Тоа ми дозволува да им порачам на оние кои се во дијаспората и се со потекло од родители кои емигрирале во други земји дека можат да се интересираат за јавниот и политичкиот живот во градот и земјата во која сега живеат, со што можат да го подобрат животот на луѓето. Ова е и смислата на моето ангажирање во Париз, изјавил за Дојче веле, Кристоф Најдовски.

Во политиката, која не е негова професија, како што посочува, влегол „преку екологијата“, сакајќи да биде „актер, а не гледач“. Тој и партијата Европа Зелени Екологија има тесни контакти со пријателите од македонската политичка партија ДОМ, која има статус на набљудувач во Европската партија на Зелените.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1