Криминалците заработуваат 870 милијарди долари годишно


 

Прометот на меѓународниот организиран криминал е 870 милијарди долари годишно – сума која е 6 пати повеќе од званичната помош на Обединетите нации за развој.

Ова го соопшти управата на UN за борба против наркоманија и криминал (UNODC).

Според UNODC само во трговијата со луѓе има 2,4 милиони жртви а на нив заработуваат 3,2 милијарди, трговијата со дрога врти 320 милијарди долари, шверцот 250 милијарди.

Од нелегален транспорт на имигранти криминалците заработуваат 7 милијарди долари годишно, а само во југоисточна азија од нелегална продажба на слонова коска, рогови од носорози, и делови од тигар, заработуваат 75 милиони долари.

Според директорот на UNODC поради корупција во стопанствата, земјите во развој губат годишно околу 40 милијарди долари.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1