Тројно убиство се случи вечерва во Волково. Четириесет и петгодишен полицаец ги убил мајката и бабата на неговата љубовница, а потоа сам си пресудил.
Според првичните и неофицијални информации, маж на возраст од 45 години најпрво ги убил двете жените кои што биле негови соседки, по што се самоубил.
Станува збор за мајката (60) и бабата (80) на неговата љубовница. Убиството се случило околу 19 часот и 15 минути, известува репортерот на ТВ Нова од терен.
На убиството му претходела расправија која завршила трагично.
-Убиството е пријавено во 19 часот и 40 минути, велат од полицијата.
Полициска екипа е излезена на терен.