39-годишната Наташа Будлер веќе долго време не успеала да ја продаде куќата која веќе одамна ја продава, па затоа се решила да направи нешто креативно, а и корисно – реши да ја продаде својата куќата вредна 2 милиони евра, за само 10 евра.
Таа за 10 евра продава влезница за игра во која наградата е нејзината куќа. Ќе добиете две прашања на кои треба точно да одговорите. Едното од прашањата е чиста од логика, а за другото треба да имате само општо знаење. Ако дадете точен одговор ќе влезете во вториот потесен круг, и се така, додека не ја добиете куќата.
Французинката се надева дека ќе продаде доволен број влезници за да ја собере сумата за вредноста на нејзината куќа, бидејќи така ќе биде задоволна и таа, и оној кој за само 10 евра ќе може да живее во нејзината прекрасна куќа.