Куќата на ужасот во Берлин, место на психолошки хорор (Фото)


Познатиот затвор познат како Штази, кој е лоциран во Берлин во Германија е познат како „црна дупка“ на Источна Германија кој во периодот од 1951 до 1989 година бил користен исклучиво за политички затвореници. Затворот бил под раководство на источногерманската државна служба за безбедност.


Берлинскиот затвор на картите со децении не постоел официјално, исто како што не постоеле ни злогласните сили на државната безбедност на источна Германија.

Повеќето локални жители знаеле за хоророт што се случувал зад ѕидовите, во кои голем број на луѓе, кои биле против владата на Германската Демократска Република, биле подложени на екстремни техники на испрашување.

Целта на затворскиот персонал е да создаде кај затворениците крајна немоќ, изолирани од надворешниот свет и целосна изолација од останатите затвореници.

На тој начин ги кршеле нивните верувања ги користеле тајните информации, додека судењата кои што се одржувале во истиот затвор биле целосно друга приказна. Според зборувањата се случувале хорори.

Затворениците признавале и за работи за кои што биле виновни и за кои што не биле. Затворот бил постојано преполн со луѓе, а изградбата на Берлинскиот ѕид во 1961 година ги примора голем број на луѓе да избегаат во Западна Германија.
Ѕидот се сруши 28 години подоцна, а затворот продолжи со работата се до 3 октомври 1990 година.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1