Брука, срамота, вандалски – со овие три збора може да се опише однесувањето на партиските војничиња на политичките партии во Македонија.
За осуда е и ЕДНИТЕ И ДРУГИТЕ. намерно нема да споменуваме кои се едните, а кои другите, но веруваме сите ќе препознаете. Еве за што станува збор.
Едните деновиве во зграда во Капиштец си влегле во влезот и го исполепиле целиот, не со еден туку со по 5, 6 плакатчиња со кои бараат слобода за нивен сопартиец. Со кое право влегле на туѓ имот да го уништуваат со лепенки само тие си знаат.
Другите да не останат покусо. Влегле во истата зграда и ги прецртувале постерите (веројатно не успеале да ги одлепат) со црн спреј и го направиле влезот ,,пуздер,, . Го сториле со спреј кои неможе да се исчисти. Или треба да го рибаат станарите или да даваат пари да се прекречува.
И ЕДНИ И ДРУГИ – Влезот е на станарите, плаќаат месечно луѓето за одржување, за чистење – да им личи влезот на влез во нивниот дом. Кои сте вие и кој ви дава право да го уништувате!!!!!