Купувале деца од Македонија – го продавале во Франција за 10.000 евра


Француската полиција уапси 7 лица, сите членови на едно семејство со потекло од Балканот. Според полицијата тие веќе некое време вршеле трговија со деца од Балканот и Македонија. Уапсени се во францускиот град Нанси.

Децата ги купувале од Македонија и Косово за цена од 1.000 до 1.500 евра, а потоа ги продавале во Франција за 10.000 евра.

освен француската полиција акција имала и германската која исто така упасила неколку членови на истото семејство кои живееле во Германија, а биле инволвирани во трговијата.

“Ова семејство е организирана криминална мрежа за препродажба на деца исклучиво за членови на заедниците кои живеат во Франција, Германија и Белгија“, изјавил обвинителот Григори Вејл.

При акцијата за апсење биле пронајдени и две девојчиња на возраст од 10 години и во тек е нивно сослушување. Весникот не наведува од која земја потекнуваат девојчињата. Засега нема и информации колку деца од земјава и регионот биле жртви на оваа криминална група.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1