Огромен лавиринт, составен исклучиво од книги, многу наскоро ќе биде поставен во британската престолнина во рамки на Лондонскиот фестивал 2012, кој се одржува паралелно со Олимписките игри во Лондон.
Оваа имресивна скулптура во облик на лавиринт ќе биде издолжена на околу 500 квадратни метри и ќе биде инсталиран во Саутбенк центарот, еден од централните и водечки центари на уметноста.
Лавиринтот е дело на бразилските уметници Маркос Сабоје и Гуалтера Пупа, кои во него вградија 250,000 книги.
Посетителите ќе можат да шетаат по лавиринтот, па дури и да се загубат во него, а предвидено се и делови во необичната структура, каде што дел од авторите на книгите ќе ги читаат своите трудови.
Лавиринот наречен „Амејз ми“, (изненади ме), ќе биде достапен на публиката од 31 јули до 26 август. Ова ќе биде одлична можност летово, за љубителите на добрата книга, да се загубат меѓу уметноста и културата.