Во Тексас, егзекуција со евтини хемикалии – било криза


Во САД вчера се изведе првата смртната казна во која наместо како до сега кога во инјекцијата имаше три хемикалии, сега има само една. 

Имено државата Тексас немала повеќе од средството за отпуштање на мускулите, па се одлучиле за поедноставна верзија од катастрофален коктел, пишува Дојче Веле.

Првиот осуденик кој на својата кожа ја проба новата форма на егзекуција во Тексас беше 33-годишниот  Јоакмон Херн, кој беше осуден во 1998 година за киднапирање и убиство на 23 годишен трговец на акции. Овој несреќник бил погубен со инјекција во која го има само седативот пентобарбитал  наместо досегашбата комбинација од три хемии од кои еден за мускулна релаксација, еден за успивање и еден за успорување и откажување на срцето.

За да бидат работите уште по трагични, против ваквиот начин на егзекуција протестирале многу организации, па дури и на ОН кои тврделе дека тој Амераканец со африканско потекло наводно бил ментално заостанат. Неговиот адвокат тврдел дека менталната ретардација е последица на тоа што неговата мајка пиела алкохол за време на бременоста. Властите во Тексас ги отфрлија овие тврдења, долажувајќи дека тоа е човек со просечна интелигенција.

Како што е објавено од страна на затворската управа, Херн не реагирал необично на новата форма на смртоносната инјекција за егзекуција и бил прогласен за мртов 25 минути по вбризгувањето.
Тексас е рекордер меѓу државите во САД по бројот на егзекуции, па уште на почетокот на месецот најави дека ќе се откаже од коктелот од три состојќи во инјекциите затоа што им е премногу скапо. Сега на Херн за прв пат го примениле само пентобарбиталот кој меѓу другото се користи и за еутаназија на животни.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1